Оваа година, 2019, дефинитивно донесе многу новости во светот на технологијата и паметните телефони. Компанијата Samsung го прошири семејството Galaxy S со најновите S10 уреди чии карактеристики не оставаат никого рамнодушен.

Од дизајн до функции, сè во согласност со потребите на корисникот. За бизнис мажите го издвојуваме Samsung Galaxy S10 –телефон за сè. Умерениот и јасен дизајн му дава одлика на суптилна моќ, која зрачи. Токму затоа претставува вистински придружник на современиот успешен маж.

Креиран да се користи со една рака, овој уред го олеснува функционирањето. Со Динамичниот АМОЛЕД екран и боите кои ги создава, се отвора ново ниво на доживување. Целокупното искуство со S10 се зголемува како што се откриваат можностите кои ги нуди овој “смартфон за сè“.

Samsung

Го држи успешниот маж заинтересиран и постојано го изненадува. За да се чувствува сигурен и безбеден, тука е ултрасоничниот скенер за отпечатоци кој ги вчитува 3Д контурите на физичкот отисок на корисникот. Сликовито прикажано, создава безбедносно ниво налик трезор.

Со врвната камерата со вештачка интелигенција се отвора ново професионално ниво на креирање фотографии. За успешниот маж да ги зачува вистинските моменти вредни за паметење. Неверојатната меморија до 1,5 Терабајт ослободува од грижите дали телефонот ќе се преполни со податоци.

Galaxy S10 серијата на уреди овозможува сѐ што досега беше очекувано од неа и повеќе – вклучувајќи Брзо Безжично Полнење 2.0, “IP68“ отпорност на вода и прашина, процесор од нова генерација и Samsung услуги како Bixby, Самсунг Здравје (Samsung Health), Самсунг Плаќање (Samsung Pay) и Самсунг Декс (Samsung DeX). Сите овие функции и карактеристики се креирани за совршено да се вклопат и да го олеснат секојдневието.

Не е сè до големината, а Samsung Galaxy S10е е доказ за тоа!

Сонот штотуку се исполни за оние кои сакаат смартфон со помали димензии, а врвни квалитети и нормално, пристапна цена. Најновата Samsung Galaxy S10 линија, составена од три одлични смартфони: Galaxy S10+, Galaxy S10 и Galaxy S10е. Овој пат, го претставуваме третиот од нив – Galaxy S10е.

Овој исклучителен “паметен“ телефон има задна двојна камера со оптичка стабилизација на слика, предна камера и чипсет “Snapdragon 855“ – исклучително добри како и кај S10 и S10+. Со овие карактеристики, фотографиите и брзината на уредот се неверојатни што овозможува полесно функционирање во секојдневието.

SamsungДополнително, времетраењето на батеријата и опцијата за Безжично споделување на енергија претставуваат светла точка и вистинско освежување за успешните мажи кои се постојано во брзање и некогаш забораваат да мислат на сè, во овој случај полначот…

Накратко кажано, кога компанијата Samsung создава иновација, внимава да испорача иновации за секого. И за сечиј вкус. Токму затоа Samsung Galaxy S10е пристигнува во помало куќиште, задржувајќи ги истите квалитети како и Galaxy S10 и S10+. Она што го разликува од Galaxy S10+ и Galaxy S10 е тоа што екранот е рамен, а не заоблен.

Што за многумина претставува олеснителна околност. Друга интересна карактеристика која го прави поразличен е тоа што скенерот за отпечатоци не се наоѓа во екранот туку во пределот на копчето за отклучување. Прецизно и точно. Дополнително, со меморија од 128GB/256GB како и влез за микроСД картичка (до 512GB) Galaxy S10е создава чувство на слобода, затоа што можете да сликате и креирате податоци колку што сакате. И многу повеќе…

“Скроен“ за успешен и балансиран маж, за неговите потреби. Новиот луксузен, одмерен, а со пристапна цена за секого – Galaxy S10е.