Деветтата генерација на Samsung Note наречен Samsung Note 20 го добива сето внимание, но јужнокорејската компанија не го занемарува ниту својот предводник кога станува збор за преклопливите уреди. Samsung Fold 2, според информациите од Јужна Кореја, ќе биде поголем и поизмазнет дизајн, но барем една честа желба на фановите нема да биде загарантирана.

Но, да започнеме најпрво со добрите вести. Додека оригиналниот уред има 7,3-инчен таблет екран, Galaxy Fold 2 ќе биде поголем, распространувајќи се на површина од 7,7 инчи кога ќе биде отворен. Овој 2,213 x 1,689 екран исто така ќе биде многу порамен, благодарение на тоа што Samsung ќе го примени 120-херцниот „refresh rate“ од Galaxy S20 серијата.

Веројатно уште повозбудливо звучи тоа што Samsung успеа да го направи предниот екран поголем кога Fold 2 е затворен. Додека оригиналниот Galaxy Fold имаше преден 4,6-инчен екран, новата верзија ќе добие 6,23-инчен екран, според информациите. Тоа значи дека ќе има помалку „мртов“ простор околу прозорчето. За жал, овој преден 2267×819 екран ќе има само 60Hz, но едноставно Samsung не може да испорача сѐ. Или подобро кажано, не можете да имате сѐ ако не сакате да потрошите многу повеќе од 2.000 долари.

S Pen останува само желба

Кога станува збор за сето она што Samsung Galaxy Fold 2 ќе го нема исто така треба да се спомене и немањето поддршка за S Pen. Според други информации, Samsung размислувал да го воведе S Pen во Galaxy Fold 2, но брзо сфатиле дека ултра-тенкото стакло неопходно за преклопувањето на екрано, не е ни одблиску доволно силно да го издржи тоа.

За споредба, стаклото кое се користи на Galaxy Fold 2 е дебело 0.03 милиметри, додека регуларното Gorilla Glass 6 кое се „справува“ со S Pen на Galaxy Note 10 е дебело меѓу 0,4 до 1,3 милиметри. Со оглед на проблемите кои Samsung ги имаше со екраните кои лесно се оштетуваа кај првата генерација на Samsung Fold, веројатно разбирливо е зошто компанијата не сака да ги „вооружа“ купувачите со зашилено стапче за новата генерација.

 

Разбирливо, но сепак разочарувачки. 7,7-инчниот екран на отворениот Galaxy Fold 2 би бил совршено „платно“ за забележување белешки и цртежи ако не беше толку кревко. Засега, доколку сакате таква креативност, ќе морате да се задоволите со значително помалку преносливиот Samsung Galaxy Tab S6.

Samsung Galaxy Fold 2 ќе биде претставен на следниот Samsung Unpacked настан, кој најверојатно ќе се одржи на 5 август.