Модната куќа Saint Laurent одлучи да ја покаже својата машка колекција за сезоната Пролет/Лето 21, независно од индустријата. Овој чекор модната куќа го прави со цел да ги охрабри гледачите да се изгубат во нејзините поканувачки текстури и безвременскиот крој.

Позади целиот сет за оваа кампања, да може да го задоволи „виртуелното и физичко искуство“, стои уметничкиот директор на модниот бренд Ентони Вакарело. Низ целата машка колекција за оваа сезона се провлекува тивкиот раскош, бомбер јакни, палта, бујни дезени и богати материјали. Тенките вратоврски и припиените фармерки карактеристични за модната куќа Saint Laurent, се нудат во класични црни варијанти, но има и нови стилови идеални за лежерен изглед.