Мошне интересен и зафатен викенд во Милано за AW20 настанот. Не само што Miuccia Prada и Raf Simons го најавија нивното креативно партнерство, туку и коронавирусот исто така го држеше градот под опсада – сето тоа придонесе за ситуација во која вниманието повеќе беше насочено кон вестите отколку кон самите модни писти.
Но, тоа не беше случајот на ревијата на Boss, која се одржа во неделата наутро во прекрасниот Social Music City, во сенка на Fondazione Prada. Придружен со оркестар, кој ја свиреше нумерата Down To Earth, компонирана специјално за шоуто од страна на Хенри Скарс Страк, што му даде соодветна елегантна позадина на целото дефокусирање на високо-модните излегувања.
Главниот креатор на Boss, Инго Вилтс, направи многу за да го зголеми „кул“ факторот во последните сезони – колекциите „се расчистија“, додека предните редови сега се преполни со кредибилни познати личности. Во претходните сезони тука беа Арми Хамер и Крис Хемсворт, додека овој пат „составот“ го сочинуваа Орландо Блум, Кара Делевињ и Амбер Валета, кои ги зазедоа главните места крај подиумот.
Boss го привлече вниманието со своите уникатни парчиња
На пистата овојпат фокусот беше насочен кон кожата, особено кон серијата набрани кожни панталони и пространите кожни палта. Кожата (и веганска и природна) е особено истакната на шоуто за машка облека на AW20, но никаде овие парчиња не изгледаа попримамливо како кај Boss.
Сепак станува збор за Boss, а тоа значи дека торбичките и шаловите беа несомнено привлечни и го пренасочуваа вниманието, но она за што навистина треба да се разговара е кроењето. Беспрекорно кроените палта имаа квазимилитарен ритам, додека долгите костуми со двоен преклоп во есенски нијанси делуваа совршени за времето во Милано. Од друга страна, раскошните дводелните парчиња во камел боја дојдоа заедно со тонски чевли и мантили.
Клучниот изглед во шоуто, сепак ги спои двата споменати трендови со германска умешност. Мазниот пресек на ултра-нежната црна кожа, која беше прикажана при крајот на шоуто, привлече воздишки во публиката. Поради тоа, треба да се земе предвид дека кожните одела од Boss се најважниот нов додаток на вашата шопинг листа од AW20.