Migma концептот на Ruma Design го претставува прекрасниот футуристички катамаран на иднината кој се напојува со водородни горивни ќелии. Станува збор за прекрасно, елегантно и луксузно решение, кое е целосно безбедно за околината.
Доколку водородните горивни ќелии успеат да се наметнат како сериозна алтернатива на електричните возила кои користат исклучиво литиум-јонски батерии како што е случајот кај неколку возила, тогаш истите би можеле да го пронајдат својот пат и кај пловните објекти како што е Migma јахтата на Ruma Design.
54-метарскиот катамаран го добива своето име од грчкиот збор за „мешавина“ како потсетник за спојување на современиот дизајн со футуристичкиот погон. Комбинацијата на резервоарот за течен водород кој ги „храни“ горивните ќелии и литиум-јонските батерии ќе напојува два електромотори, кои теоретски овозможуваат исклучително долг опсег на движење без притоа да се испуштаат било какви емисии, гасови и бучава.
Дизајнот е инспириран од природата во својата форма и функција. Станува збор за комбинација на течни линии и груби површини на тврдата обвивка која ја штити внатрешноста. Кога станува збор за инспирацијата од природата со функционалност, дизајнерите на Ruma укажуваат на фактот дека јахтата работи на водород и на тој начин нема да има негативно влијание врз животната средина.
Migma футуристичката јахта се уште е во фаза на ран концепт, па перформансите не се достапни во моментов. Но, неколку рендери го покажуваат ентериерот кој е базиран на отворен модуларен простор соодветен за се, почнувајќи од мобилни конференции до вечера над вода, со 360-степен поглед на водената површина, благодарение на прозорците кои се поставени од покривот до подот.
Околу главниот простор се наоѓаат палубите кои водат до „инфинити“ базенот и пливачката платформа на задниот краен дел. Под палубата се наоѓаат две кабини кои се обложени со електрохромични паметни стакла кои можат да бидат затемнети за приватност.