Компанијата RUF, која се занимава со производство на автомобилски делови, но и производство на автомобили базирани на каросерии од Porsche, го претстави својот интересен концепт Rodeo кој е базиран на класичниот Porsche 911. Ова концептно возило требаше да се појави на Салонот за автомобили во Женева кој беше откажан, па поради тоа RUF одлучи со неколку дена задоцнување да го претстави својот Rodeo Concept, кој претставува „каубојска“ интерпретација на познатиот рели автомобил Porsche 911 Safari.
RUF направи модификации на системот за потпирање се со цел да се подигне висината на автомобилот и да се постават гумите наменети за сите терени, со што се добива вистинско „оф-роуд“ возило. Каросеријата е изработена од карбон, а под неа се наоѓа монокок шасијата од CTR Anniversary моделот на RUF.
Деталите за перформансите не се познати се уште, но затоа во RUF се погрижија за интересен изглед со додавање на кружни светла за магла кои се монтирани на хаубата, налик рели автомобилите на Porsche. Потоа, тука е покривниот носач за багажот и дополнителни LED светла, а на задниот дел се наоѓа лопатка како интересен детал со стилска функција.
Кога станува збор за ентериерот, тој е во тематска изработка со индијански мотиви. Иако станува за концептно возило, доколку постои доволен интерес, RUF би можел да произведе ограничена серија од овој автомобил.
Целосниот текст можете да го прочитате на avtoplus.mk.