Јахтата дизајнирана од страна на Porsche за која беа потребни 10 години за изработка се нарекува Royal Falcon One и е во продажба. 

Дизајнерите од Studio F.A Porsche заедно со луксузниот производител на автомобили ја остварија идејата оригинално креирана на компјутерите во Porsche Design Studio. Јахтата е долга скоро 42 метри и го носи името Royal Falcon One. Судејќи по надворешниот изглед повеќе наликува на луксузен вселенски брод од далечната иднина отколку на нешто што би пловело на вода. 

За изградба на Royal Falcon One беше потребна цела декада, а вредеше и да се чека бидејќи на крај од Porsche презентираа производ со елегантен, луксузен стил, мултифункционалност и неверојатни карактеристики на внатрешниот дизајн.

Во внатрешноста ќе најдете 5 кабини- 3 за гостите, 1 VIP апартман и 1 главен апартман со приватна тераса. Внатрешниот дизај е изработен од високо луксузни материјали. 

Цената на јахтата се држи во тајност, а според Camper&Nicholson претставува неверојатна можност да купите прекрасна јахта со високо дизајнерско педигре.