Португалската суперѕвезда е првиот се уште активен спортист кој се занимава со тимски спорт и ја достигнал „магичната“ граница од милијарда долари

Фудбалската суперѕвезда и фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој веќе е најследениот спортист на социјалните мрежи со околу 200 милиони следбеници, сега достигна уште една поимпресивна точка.

Имено, магазинот „Forbes“ пренесува дека Роналдо ја достигнал границата од милијарда долари кога станува збор за неговата заработувачка, откако остварил приходи од 105 милиони долари за изминатата година. Ова значи дека Португалецот им се приклучува на Тајгер Вудс и Флојд Мејведер како само трет „активен спортист“ кој успеал да го забележи ова достигнување, иако Мејведер технички се повлече од боксувањето во 2017 година.

View this post on Instagram

Monday motivation!💪🏻

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Годишната заработка на Роналдо од 105 милиони долари го постави на четвртото место на Celebrity 100 листата на магазинот Forbes, што го става непосредно пред својот долгогодишен фудбалски ривал Лионел Меси кој минатата година остварил приход од 104 милиони долари. Пред Роналдо се единствено Роџер Федерер (заработил 106,3 милиони долари), Кање Вест (170 милиони) и Кајли Џенер (590 милиони). Овие петмина ја сочинуваат Топ 5 листата на познати ликови со најголема заработувачка за 2020 година.

Треба да се напомене дека Роналдо исто така е првиот активен спортист кој успеал да достигне до милијарда долари играјќи тимски спорт. Тој зад себе има 17 сезони како професионален фудбалер, а неговиот актуелен договор со Јувентус истекува во 2022 година.

Играчот на Јувентус ја достигна сумата од милијарда долари дури и откако се откажа од дел од својата плата со цел да му помогне на клубот финансиски полесно да се справи со кризата за време на пандемијата на коронавирусот.