Автомобилските брендови многу често се испирирани од ѕверски суштества, диви коњи, елегантни мачки… Rolls-Royce Rose Phantom е исклучок и е инспириран од роза. И тоа не од обична роза, туку од специфичен вид роза одгледувана исклучиво за Rolls-Royce од страна на наградуваниот британски одгледувач Philip Harkness, чие семејство е познато во бизнисот со одгледување рози од 1879 година.

Оваа роза расте само во Домот на Rolls-Royce во Гудвуд, Западен Сасекс. За ексклузивноста на розата, нејзиниот создавач ќе каже, дека станува збор хибрид од типична англиска роза, бујна, кремасто-бела, и има целосен цут од 50 ливчиња со богат парфем. На Philip Harkness му биле потребни осум години за развој на хибридот.

Оваа роза се најде во внатрешноста на автомобилот кој бил нарачан од клиент поради страсната љубов кон цвеќињата со цел доловување на трансцедентна убавина кога градината со рози е во целосна цут. Еден милион шевови биле потребни за претворање на овој Rolls-Royce во градина. Погледенете го видеотот кое го направи компанијата за одбележување на ова bespoke парче.