Како дел од плановите за постигнување на нето-нула емисии на јаглерод до 2050 година, вклучително и модификација на млазните мотори, Rolls-Royce, ќе започне со воведување на нови мотори кои ќе работат на нов вид на гориво SAF. Според компанијата ваквите видови на мотори би се користеле и во бродската индустрија и енергетскиот сектор.

Всушност SAF е направен од не-фосилни извори, што значи дека неговите емисии не го зголемуваат нивото на CO2 во атмосферата, бидејќи суровините за создавање на ова гориво вклучуваат отпад од храна и шумарство, и култури како врба и алги. Иако овој вид на гориво е петпати поскапо од фосилното, тоа ќе игра голема улога во декарбонизацијата особено на авијацијата.

SAF може да се меша со фосилното гориво на авион, но сегашните регулативи не дозволуваат мешавината да содржи повеќе од 50 проценти биогориво. Првиот чекор кој го превзема компанијата е таа стапка да ja искачи на 100 проценти.

Со модификација на моторите во овие индустрии, може да се намалат емисиите на јаглерод до 70 проценти. За да се квалификува како нето-нула, Rolls-Royce и целиот синџир на набавка мора да ги елиминираат сите емисии на стакленички гасови, а тие што неможе да ги елиминира треба да ги неутрализира.

Воздухопловната индустрија придонесува за околу два процента од сите емисии на стакленички гасови. Воздухопловството е една од ретките индустрии што не може лесно да премине на електрична енергија, што значи дека треба да најде алтернативен начини на декарбонизирање во меѓувреме. Овој начин на придонесување за намалување на влијанието врз животната средина е многу попрактично за летовите на долги дестинации бидејќи батериите во моментов се премногу тешки за долги релации.