Rolls-Royce го воздигна својот Phantom на едно поинакво ниво со својата ограничена колекција, Phantom Tempus. Rolls-Royce Phantom Tempus колекцијата се состои од 20 автомобили кои имаат посебен дизајн во кој се инкорпорирани елементи од астрономијата. Целата колекција е инспирирана од времето, астрономските појави и бесконечноста на универзумот.

„Со Phantom Tempus, создадовме простор во кој тие стриктури повеќе не се применуваат – што е илустрирано со намерно отсуство на часовник. Клиентите во Rolls-Royce не се обврзани со Време; надворешниот свет со сите свои притисоци и барања се заборавени“, стои во изјавата на извршниот директор на компанијата.

Секоја кола од колекцијата доаѓа со Kairos Blue bespoke боја во која се вметнати снегулки од Микашист, редизајниран кров наречен Pulsar Headliner, како и рачно изработена кутија за шампањ. Горниот дел од кокпитот се карактеризира со уметничкото дело „Frozen Flow of Time“, создадено со едно парче алуминиум, раздвоено на 100 „индивидуални контурни колони“ кои го претставуваат периодот од 100 милиони години на ротација на Пулсар ѕвездата. Цената на ваков еден примерок не беше објавена.