Од новиот модел Rolls Royce Dawn Silver Bullet засега се објавени само неколку тизери во вид на фабрички цртежи. Во секој случај, овој ексклузивен Rolls Royce Dawn Silver Bullet претставува roadster со две седишта, при што како инспирација за овој проект се искористени roadster моделите од 20-тите години на минатиот век.

Dawn можеби е еден од најстарите модели на Rolls Royce кои во моментов се достапни, но ќе биде првиот кој ќе добие Collection Car третман. Првичните тизер фотки навестуваат чист дизајн со ретро декоративни детали. Највпечатливиот детал од возилото е таканаречениот Aero Cowling кој „го менува ликот на силната силуета на автомобилот, засилувајќи го чувството за брзина и цел“.

Rolls Royce

Вo Rolls Royce посакуваат со овој нов кабриолет да ја спојат носталгијата од минатото со „софистицираната иновација на иднината“ со што го прави Dawn Silver Bullet Collection безвременска креација на дизајн и совршена платформа со цел „да се доживеат најдобрите патувања ширум светот“.

Производството на овој модел ќе се одвива во англискиот град Goodwood, а во план е ограничена серија од само 50 примероци, а цената на овој модел засега не е позната. Прочитајте повеќе на avtoplus.mk