Black Badge изгледот на Rolls Royce дебитира со излегувањето на Cullinan.
Новиот Rolls-Royce Cullinan Black Badge претставува опасно добро возило. Црната која го бои ова SUV возило е прецизно и рачно нанесувана во 10 слоеви, а за таинственоста и мистериозноста на изгледот придонесуваат и затемнетата предна решетка, страничните рамки, рачката од багажната врата, долните воздушни влезови и издувните врва.
Целиот изглед е комплетиран со дво-тонските 22-инчни алуминиумски фелни, црвени кочни шапи и жолти линии.
Додека екстериерот е комплетно темен, ентериерот е освежен со детали во живописна жолта боја како одличен контраст.
Што се однесува до моќноста, опремен е со 6,75 литарски V12 мотор, кој сега обезбедува моќност од 592 коњски сили и 900 Nm вртежен момент, што претставува 29 коњски сили и 50 Nm повеќе од стандардната верзија. Вака, луксузниот SUV може да забрза од 0 до 100 km/h за само 4,9 секунди и покрај својата тежина од 2.753 килограми и да достигне максимална брзина од 250 km/h.