Компанијата Rolls-Royce го претстави најновиот предмет во своето портфолио на колекционерски работи, а станува збор за cellaret (мал креденец за чување на пијалоци и пури), кој добива мошне едноставно и интуитивно име – The Cellarette. Овој држач за виски и хумидор за пури е одличен за секаква дружба и чини „само“ колку еден сериозно нов и добар автомобил.

Со цена која започнува од 40.570 фунти, новиот Cellarette на Rolls-Royce „произлегува од богатото наследство на марката да им нуди на своите клиенти без напор и пријатно да ги дочекаат своите гости“, велат од компанијата.

Овој мини бар се одликува со полирана алуминиумска шасија обложена во Havana кожа, со Obsidian Ayous Open Pore фурнирски послужавник со изгравиран Spirit of Ecstasy, култното лого на компанијата. Како што може и да се очекува, од Rolls-Royce истакнуваат дека Cellarette го собира во багажникот на секој од нивните автомобили, со оглед на тоа дека сопствениците на овие ултра луксузни возила ги користат багажниците за забава, отколку сите други работи кои за „обичните“ луѓе се секојдневние.

Врвна завршна изработка

Cellarette добива и светло во внатрешноста кое емитува „топол амбиентален сјај“ кој игра против акцентите на Armagnac кожата во внатрешноста што „евоцира атмосфера на клуб на истакнати членови“. Рачно изработените lowball виски чаши со RR монограм се прикажуваат на театрален начин благодарение на механичкото дејство. Тука е и држачот за шишиња обложен со Armagnac кожа кој може да се прилагоди на различни големини на шишиња благодарение на магнетната лента.

The Cellarette

Секако, за да одговара со вашето виски, тука е и хумидор за пури направен од шпанско кедрово дрво. Ова ги држи пурите на посакуваната влажност, зачувувајќи ги на најдобар можен начин. Влажноста може да се провери преку хигрометарот дизајниран да изгледа како часовницитe во Rolls-Royce автомобилите.

На двете страни од касетата се наоѓаат два дополнителни контејнери, едниот наменет за секач за пури и запалка, а на другата страна се наоѓа пепелник. Секачот и запалката се направени од S.T. Dupont и се изгравирани со логото на компанијата.