Партнерот на италијанската компанија Lamborghini и прославен производител на часовници, Roger Dubuis, ја претстави својата најнова линија која е осмислена како еквивалент на последното врвно дело на италијанската компанија, воскреснатиот модел Countach.

Исто како што и новиот Countach автомобил е изграден од нула, 47-милиметарскиот Excalibur Spider Countach DT/X претставува целосно нова креација на Roger Dubuis брендот, која го следеше внимателно развојот на италијанскиот суперавтомобил.

RD112 механизмот е задолжен за напојување на новиот часовник, а на купувачите им носи двојни турбиони, споени со диференцијал и поставени под агол од 90 степени со цел да се компензираат ефектите на гравитација на двете осовини.

Ултра-лесното титаниумско куќиште на механизмот исто така го олеснува движењето на секоја турбионска компликација, овозможувајќи 72 работни часа резерва, додека Mineral Composite Fibre, нијансата која потполно се вклопува со Bianco Siderale белата нијанса користена на автомобилот, ја претставува бојата на куќиштето од часовникот и сите декоративни елементи на механизмот.

Новиот додаток во Excalibur линијата обемно ја рефлектира естетиката на новиот автомобил, како преку своите сказалки меѓу турбионите, каде се креирани реплики од вентилите во моторниот простор, така и преку скелетизираниот механизам задолжен за оцртување на совршените аеродинамични линии на каросеријата. Црвено-црниот ентериер на Countach моделот поседува свои референци во целиот дизајн на часовникот исто така, од компоментите на механизмот, до неколку слоеви тродимензионален мрежест гумен ремен.

Roger Dubuis ќе произведе само осум примероци од часовникот и секој од нив ќе чини 815.000 долари.