Технологијата зазема се поголем замав. Роботите кои се гледаат како спасители во ерата на пандемии и болести се повеќе стануваат реалност и присутни во животите на луѓето, од чистење на соби, до вежбање со помош на виртуелна реалност на Мачу Пикчу, до роботи готвачи кои го минимизираат човечкото учество во процесот на готвење.

Француската компанија Pazzi која тврди дека го измислила првиот светски робот за пица, има потрошено седум години во развој на технологија која во моментов се користи и е сместена во првата компанија „Pazziria“, близу до Дизниленд Париз. Ако се прашувате како работи…? Купувачите ги избираат своите омилени состојки на конзоли за самопослужување (или на нивниот телефон) и потоа можат да ги следат роботите што ја приготвуваат нивната пица за неколку минути.

Во Сан Франциско пак, Creator, тврди дека со опсесија, експериментирање и љубов, со помош на роботи создал нов вид на хамбургер кој досега не постоел поради фактот дека се потпира на она што го нарекува „едно од најпрецизните кулинарски алатки на Земјата“. За оваа компанија квалитетот на состојките е многу битен, па поради тоа најмногу се обрнува внимание на тоа.

Компанијата Spyce, тврди дека е првиот ресторан во светот со кујна целосно управувана од роботски готвачи кои можат да готват сложени оброци. Оваа компанија е основана од четворица дипломирани студенти на МИТ, додека менито го надгледува Daniel Boulud, шеф со Michelin ѕвезда. Moley Robotics, е компанија која развила роботска кујна што може да се инсталира во вашиот дом.

Единицата е сместена позади затворено подрачје каде што можете да ги гледате роботските раце како ги готват вашите омилени јадења или ги имитираат вистинските готвачи. Роботските раце откако ќе завршат со подготовката на вашиот оброк, ќе ги измијат вашите садови. Патентите за технологијата за прв пат биле поднесени во 2014 година, а предпродажбата за лансирање на производите започна оваа година.

Роботите како на компанијата Makr Shakr, се веќе инсталирани во во бар ICE + FRIES во Исланд, во партнерство со нордиската компанија за пијалоци GlacierFire. Поради тоа што безбедноста станува приоритет за луѓето, а индустријата за храна и пијалоци треба што поскоро да застане на нозе, многу иноватори роботите ги гледаат како спасители. Всушност ерата на технологијата и роботите за многу кратко време ќе стане реалност.