Robomaster S1 е револуционерен едукативен робот чија цел е да ги инспирира и едуцира идните генерации. Креиран е да го развие потенцијалот кај секој еден корисник, им дава комплетно и темелно разбирање од областа на физиката, математиката, природните науки, а служи и за играње.
Дизајн кој освојува
S1 има фантастичен модерен дизајн кој овозможува висока ефикасност. Модуларниот дизајн на роботот ви дозволува самите да го составите. Високо технолошки опремениот контролор дозволува прикажување на слики со висок квалитет, развој на програми. Има ротациски агол од 540° × 65°, 4 Mecanum тркала и М3509I мотор.
Учете практично
Роботот ги користи програмските јазици Python и Scratch, дозволувајќи им на корисниците да учат физика, математика, природни науки на нов и поинаков начин.
Robomaster S1 има 46 компоненти и 6 PWM порта кои овозможуваат неверојатен потенцијал за иновации преку кои се учи и вежба и се развиваат можностите.