„Roboat“, претставува автономен брод развиен од страна на Amsterdam Institute for advanced metropolitan solutions и MIT senseable city lab. Во април месец 2021 година, прототип на овој брод беше спуштен во водите на Амстердам за тестирање, со цел понатамошно мапирање на водите во други градови. Секој брод е долг 4 метри, нема потреба од возач и се напојува со електрична енергија.

Пловните објекти „Roboat“ исто така се и модуларни, што значи дека возениот парк може да се прави по желба и потреби, или да се поврзе за да се создаде привремен мост или лебдечка платформа. Овие пловни објекти може да се користат и за собирање на смет или транспорт на храна, што значи дека се доста функционални. Причината за ваквиот проект и чекор е подобрување на урбаната инфраструктура првенствено на Амстердам, поради подобро менаџирање на просторот и користење на водената површина.