Пејачот Роби Вилијамс е еден од оние славни ликови кои водат долгогодишни борби со килограмите. Неодамна тој го откри својот успешен начин на слабеење.  

Роби Вилијамс на концерт, пред режимот за слабеење

Британскиот музички уметник откри дека со месеци се борел со килограмите, пробувајќи најразлични режими на исхрана и форми за слабеење. Иако на почетокот имал мали промени, килограмите многу бргу се враќале назад. 

„По долга борба со килограмите, конечно стапив во контакт со приватен тренер и се почувствував како универзумот да ми пратил решение. Тогаш почнав да се занимавам со бокс и овој спорт е најзаслужен што денес можам да се пофалам што сум во добра форма и се чувствувам добро. Со помош на боксот, го тренирам целото тело и истовремено топам масти, што ме зајакна и физички и психички. Но, боксот не е единствената промена во мојот живот. Се откажав од пушењето цигари.  Тоа беше важна промена во мојот живот која многу ми помогна. Цигарите се отров, тие се смрт и штом се ослободите од нив,“ изјави Вилијамс. 

Неговата цел е со своите зборови да инспирира многумина.