Постариот брат на Пабло Ескобар, Роберто, го претстави својот најнов паметен телефон, а за тоа му помогнаа група манекенки во долна облека.
Откако се испокара со Илон Маск околу Пламенофрлачот, постариот брат на нарко кралот, Роберто Ескобар влегува во бизнисот со паметни телефони. На пазарот дебитираше со Escobar Fold 1, паметен телефон на преклопување кој го претстави преку својата компанија Escobar Inc.
Видеото со кое телефонот ѝ беше претставен на пошироката јавност како главни протагонисти има група модели на долна облека.
Според New York Post, Escobar Fold 1 ќе биде конкуренција на Samsung Galaxy Fold, со цена од 2000 долари. Има 7.8 инчен екран, дуална камера и Android 9.0 оперативен систем.
Верзијата од 129 GB изнесува 349 долари, а онаа од 519 GB, 499 долари.
Ќе биде произведен во 100.000 парчиња и ќе може да се нарача само на официјалната страна на Escobar.