Roberto Cavalli се враќа со машка колекција за сезоната пролет-лето 2022, кое го означува новото поглавје на брендот со креативниот директор Фаусто Пулиси. Дизајнерот прави голем пресврт со колекција инспирирана од славниот боксер Мајк Тајсон. Причината поради која Тајсон е лице на оваа колекција е тоа што тој е една од последните живи поп-икони, и покрај тоа што е шампион во бокс, тој е исто така човек со посебен, личен и ексцентричен вкус и стил. Уште една причина за изборот на оваа славна личност за лице на нивната нова кампања е и приказната на Тајсон, која е претставува приказна за преживување, борба и издржливост и се поистоветува со приказната на брендот Roberto Cavalli. Колекцијата има смел приказ, со животински принтови, украси.