Rimowa е компанија која е позната по чудесните модни соработки со други брендови, на пример Dior, Supreme, па поради тоа таа е доста позната во светот на модата. Овој пат Rimowa ни носи две унисекс линии на очила за сонце и тоа Rimowa Bridge и Rimowa Rim. Овие очила за сонце се стилски и елегантни, современи.

На пример моделот Rim Pilot е свеж осврт на класичните авијатичарски очила, извлекувајќи го најдоброто од класичните, како храбри леќи и тенки метални рамки. Сите дизајни на брендот доаѓаат во повеќе опции на бои, наменети да се совпаѓаат со нивните куфери за стилски да ве подготват за следното патување.