Режисерот на најновото филмско издание за темниот суперхерој на DC Universe, Мет Ривс, одлично си ја врши работата со примамувањето на јавноста за својот филм The Batman. Најпрво, тој објави фотографии од Batman костимот кој го носи Роберт Петисон, а сега тој преку својот Twitter профил објави фотографии и од новиот Batmobile.

Она што е повеќе од очигледно е дека автомобилот на Batman е навистина со променет изглед во однос на она што се навикнавме во последните неколку филмови. Фотографиите на Ривс се намерно затемнети за да не се „издаде“ комплетниот изглед, но јасно може да се забележи дизајнот на новиот автомобил на Темниот Витез. Изгледот го црпи од крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години, нешто налик „олд-скул“ моделот кој го имаше Адам Вест во телевизискиот серијал на Batman. Хаубата на автомобилот е отворена, а моторот се појавува во задниот дел. Тука не станува збор за милитаризиран хиперавтомобил како што беше во филмовите на Кристијан Нолан, туку за Batmobile во форма на препознатливите американски „масл кар“ изданија.

Подобар поглед на новото возило на Batman ќе добиеме кога новиот филм во кој глумат Зои Кравиц и Колин Фарел заедно со Роберт Патисон, ќе се појави во кината на 25 јуни 2021 година.