Од оваа година Hilton и здружението Clean the World, партнерски започнуваат со рециклирање на неотпакуваните хотелски сапуни за заедниците кои се борат со болести. Ова е поттикнато од фактот дека едноставно миењето на раце може да спречи смрт на 1,5 милиони деца под пет години секоја година.

Оваа иницијатива испраќа важна порака до остатокот од индустријата а тоа е „не донирајте отпад”. Clean the World предизвикот ги поставува хотелите на задача да собираат неотпакувани сапуни оставени од гостите и да ги испратат истите во центрите за рециклирање во Амстердам.

HiltonЗа почеток оваа шема е поставена во 5.300 недвижнини низ целиот свет со кои располага Hilton. Рециклираните и дезифицирани сапуни се испраќаат до заедниците кои имаат потреба од нив или во 127 земји ширум целиот свет, помагајќи да се спречи ширењето на болести и намали глобалната стапка на смртност.

До 2030 Hilton планира целосна елиминација на неискоритените сапуни во депониите и нивно користење за спречување на високото ниво на смртност од пневмонија и колера, кои можат да се намалат со темелно миење на раце. Програмата е усогласена со заложбата да се скрати отпадот во животната средина на половина и да го удвои инвестирањето во социјално ранливите заедници до крајот на оваа деценија.