Респираторните инфекции се можеби најчестата причина заради која пациентите се јавуваат кај својот матичен лекар. Иако се јавуваат во текот на целата година, есенско-зимскиот период е сезона кога настинките и посериозните респираторни заболувања се најчести.

Респираторни инфекцииКОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА РЕСПИРАТОРНИТЕ ИНФЕКЦИИ?

Според тоа кој дел од дишното стебло го зафаќаат, респираторните инфекции може да бидат горно-респираторни или долно-респираторни инфекции. Вообичаените симптоми вклучуваат секрет од носот, затнат нос, кивање, кашлање, гребење, печење или болка во грлото, болка при голтање, општа слабост, главоболка, тешкотии при дишењето.

Дополнително можат да се јават и болки во мускулите, лесно покачена или висока температура, мачнина и губиток на апетитот. Овие симптоми траат неколку дена, а ако се јават компликации, и подолго.

Респираторните инфекции се пренесуваат со контакт со заболено лице, преку секретот од кивање, кашлање или предметите во непосредната околина на болниот. Ова е особено истакнато во зимскиот период, кога најголем дел од денот се престојува во затворени простории.

Респираторни инфекцииШТО ЈА ПРЕДИЗВИКУВА РЕСПИРАТОРНАТА ИНФЕКЦИЈА И КАКО ДО ТОЧНА ДИЈАГНОЗА?

Причинители на респираторни инфекции се многу микроорганизми: бактерии, вируси, габички. Дијагнозата секогаш треба да се темели на детален преглед од страна на лекар и секако, точен лабораториски резултат.

Во Авицена Лабораторија се достапни високосензитивни и специфични тестови, наменети за детекција на голем број причинители на респираторни инфекции. Освен класичните миркобиолошки анализи, единствено во Авицена се работи и РЕСПИРАТОРЕН ПАНЕЛ, кој врши детекција на 21 микрорганизам одеднаш, од различни примероци-брис од грло, брис од нос, искашлок и сл.

Техниката на која се базира овој тест е високоспецифична и сензитивна молекуларна детекција на ДНК на самите причинители, со тнр. Real-Time PCR технологија. На овој начин, точно се дознава што ја предизвикало респираторната инфекција и се дава соодветна терапија. Притоа, пациентот навремено ќе ја добие препораката од лекарот, се спречува евентуaлен развој на компликации и не се губи драгоцено време и средства.

КАКО СЕ ЛЕКУВААТ РЕСПИРАТОРНИТЕ ИНФЕКЦИИ?

Ако се работи за вирусна инфекција, антибиотици не се потребни! Се земаат лекови кои помагаат да се намали температурата, болката во мускулите, капки за одзатнување на носот и слично, пропратено со одмор и правилна исхрана.

Доколку се работи за бактериска инфекција, се земаат лекови по препорака на лекар, насочени кон соодветниот причинител.