Реплика на Ford GT40, која Кристијан Бејл ја вози во филмот Ford vs. Ferrari сега може да се купи на аукција.
За целите на филмот, продукцијата инвестираше во создавање на комплетно иста реплика на Ford GT40 што се однесува до надворешниот дизајн. Кога сме кај внатрешните перформанси, под хаубата се наоѓа Roush Performance 427IR V8 мотор до 8.3 литра, за разлика од оригиналниот 7 литарски V8 мотор.
Сè уште не е познато колкава ќе биде цената на автомобилот, но според досегашните искуства на вакви автомобили со холивудско педигре, се очекува и цена од 150 илјади долари. Ford vs.Ferrari досега заработи 31.5 милиони долари само на отворањето.