Љубовната приказна на Renault и кинематографијата трае веќе 120 години, а таа традиција ја продолжува Аутомотив Груп како генерален импотрет на брендот во земјава, поддржувајќи го филмскиот фестивал „Браќа Манаки“. Додека филмовите освојуваат со возбудливи заплети, квалитетна режија и актерска игра, најновите модели од гамата на францускиот бренд освојуваат со својот моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологија, што го прави спојот помеѓу кинематографијата и автомобилизмот совршен.
Меѓу ѕвездите и специјалните гости кои ќе пристигнат на црвениот тепих, ќе се најдат и шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан, а главната ѕвезда на отворањето ќе биде моделот Renault CLIO
“Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ и Аутомотив Груп трае со години. За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот Renault CLIO и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија која е закажана за месец Октомври оваа година“ – Симона Николовска, лице за односи со јавност – Аутомотив Груп.