Remy Martin лансираше специјално издание на коњак во чест на својата историја. Историјата е интригирачка и само по себе неверојатна, а најдобрите разговори на оваа тема се одвиваат со чаша од најдобриот коњак…

Во 1900 година во Париз бил претставен коњак пред кој 83,000 изложувачи од целиот свет се поклониле и кој веднаш ги собрал сите пофалби за неговиот квалитет и ексклузивност. За да го прослави тој момент во денешно време, куќата на Remy Martin ја креираше колекцијата Louis XIII Time Collection: Tribute to the City of Lights – 1900.

Remy Martin

Овие 2.000 шишиња кои се полни со специјалниот коњак, декорирани се со слегантни сетали и 18-каратно злато. Самото шише е е рачно издуван од страна на мајстори од брендот Saint-Louis.

Ова прекрасно минато на коњакот се слави со футуристички детали, а тоа е NFC чип кој носи неколку придобивки на клиентите, како автентикација на производот, пристап до приватниот клуб Луј XIII, уникатни искуства, персонализирани услуги и слично. Цената на ова задоволство кое се нарекува Louis XIII Time Collection изнесува 10.600 американски долари.