Британскиот моден бренд Reiss во новата кампања за сезоната Зима 2020 изненадува со шик изглед, чисти, неутрални тонови, различни ткаенини, практична софистицираност. Несомнено со оваа колекција за мажи Reiss дава практичен шарм со облека што нуди удобност и топлина.

Спојот во кампањата е беспрекорен, со парчиња како падан-волнената бомбер јакна или Епсом капутот со волнен дуксер, кои одговараат совршено и за формални и за кежуал моменти и во ниту еден случај не оставаат впечаток на неуредност. Удобноста игра голема улога во оваа колекција, а чистината на парчињата се паметно изработени за да не создадат дополнителен притисок за комбинирање.