Машката колекција на Reiss Есен/Зима 20 испорачува паметен стил со софистициран, елегантен и слоевит изглед кој ги балансира атрибутите на есента со удобноста на домот. Преферира убаво скроени и опуштени комбинации со мешавина од преголеми џемпери, елегантни јакни и модерни панталони. Правите линии се искомбинирани со принт и преголеми парчиња, со меки и пригушени бои со сиви, крем и бели тонови.

Иако повеќето парчиња се едноставни, Reiss нуди и возбудливи отисоци кои паѓаат во очи без да го одвлекуваат премногу вниманието. Материјалите како и секогаш се меки, удобни и квалитетни. Оваа колекција е наменета за мажи кои го ценат стилот, но нема да ја жртвуваат удобноста. Reiss Есен/Зима 20 дава една беспрекорна колекција со меки материјали, едноставни линии и пријатни бои кои даваат доста едностани, елегантни и безвременски парчиња лесни за комбинирање.