Reebok ја претстави колекцијата инспирирана од филмот Ghostbusters од 80-тите. Компанијата ги претстави Ghost Smashers и Classic Leather кои се преобразени да одговараат на филмот од кој црпат инспирација. Нема сомнение дека патиката Ghost Smashers се издвоен пар од пакетот поради доста оригиналниот изглед.

Всушност за изработка на овие патики била потребна Reebok Alien Stomper силуетата, која првично била направена за филмот Alien, и ја претвориле во средно висока патика. Оттука на неа се додадени реквизити и мотиви од филмот. За разлика од впечатливите Ghost Smashers, Reebok создаде и посуптилна верзија која доаѓа во Modern Beige/Black/Blaze Yellow комбинација на бои.

Овие патики доаѓаат со лого Ghostbusters кое го краси јазикот како и опасен отпечаток на петицата. Финализирањето на колекцијата доаѓа со ко-брендирана облека, чиешто централно внимание го зазема автентичен комбинезон „Ghostbusters“ со Reebok брендирање.

Освен ова прекрасно парче облека, обожавателите ќе уживаат и во маички со долги и кратки ракави со „Don’t Cross the Streams“ натпис и векторска графика од лигавата супстанца која се појавува во филмот. Колекцијата Ghostbusters x Reebok ќе биде во продажба од 31 октомври, на веб страната на компанијата за спортска облека каде што Ghost Smashers ќе чинат 150 американски долари додека класичните само 100 американски долари.