Исклучително реткиот Patek Philippe Ref.2499 стана најскапиот часовник некогаш продаден со финална понуда од 7,68 милиони долари – 25 проценти повеќе од најоптимистичните проценки во пресрет на аукцијата.

Овој perpetual calendar хронограф се продава како дел од колекцијата од 38 стари Patek Philippe часовници во сопственост на еден колекционер – наречен The Nevada Collector – овој часовник направен од розево злато од втората серија на Ref.2499 од 1957 година е двојно потпишан од продавницата Gobbi Milano и е продаден за сума од 60 милиони хонконшки долари (7,68 милиони американски долари).

Patek Philippe

Овој 37,5-милиметарски часовник беше еден од четирите Ref.2499 примероци во продажба кои се движеа по цена од околу 960.000 долари. Истиот часовник го држеше рекордот за најскап Ref.2499 во 2007 година кога беше продаден во Sotheby’s Женева за 2,7 милиони швајцарски франци, пред да биде надминат во 2018 година од Asprey Ref.2499 од жолто злато, повторно продаден до страна на Sotheby’s Женева за безмалку 4 милиони франци.

Колекцијата исто така вклучуваше и Ref.1518 од розево злато, претходник на Ref.2499 од 1948 година кој достигна цена од 2,9 милиони долари.

Овие пет најбарани ретро календарски хронографи што постојат можеби звучат и повеќе од доволно, целата колекција се смета дека некогаш броела 400 Patek Philippe часовници, вклучително и 15 Ref.1518 примероци и 18 Ref.2499 часовници.

Севкупно, продажбата на The Nevadian Collector достигна околу 20,7 милиони дилари, што е далеку повеќе од проценетите 8,9 милиони.