На 11 март годинава, фановите на The Blacklist добија потврда дека серијата ќе продолжи со нова сезона. Оваа е седма по ред, а започнува таму каде што заврши последната. Главниот и омилен лик Рејмонд Редингтон е во рацете на Катарина Ростова.
Се претпоставува дека многу прашања ќе се разрешат, почнувајќи од сите оние кои ѝ се вртат на агентката Елизабет Кин во главата. Лиз ја враќа и својата ќерка во Њујорк, мислејќи дека опасноста од Катарина е минато. Но, The Blacklist не би била толку успешна кога ова би било вистина. Дали Катарина ќе остане? Како Редингтон ќе се спаси од канџите на Русинката и што ќе значи враќањето на Катарина за малото семејство, останува да видиме.
Рејтинзите за новава сезона се очекува да ги соборат рекордите, имајќи предвид дека серијата цврсто стои на листите уште од 2013. Овие очекувања не изненадуваат, ако ги земеме предвид пресвртите и заплетите кои секогаш успеваат да изненадат.
Премиерата е закажана за 4 октомври.