Во чест на 75-тиот роденден на Боб Марли на 6 февруари, Universal Music и Island Records ги здружија силите со семејството на покојната реге-икона и снимија инспиративно музичко видео со наслов „Redemption Song”.

За ова видео француските уметници Октаве Марсал и Тео Де Гелтц користеле 2.737 оригинални цртежи за да создадат сцени на кои се прикажани африкански и афро-американски ликови и јамајкански пејзажи, како и самиот Марли. „Redemption Song” е последната нумера од последниот албум на иконата Uprising, која е објавена во Октомври 1980 година. Видеото е прв дел од серијата наречена „Marley75“ што го слави неговиот живот.