Red Sea project го откри дизајнот на Foster + Partners за два хотела који се дел од развојот на луксузниот туризам во Саудиска Арабија. Првата фаза од амбициозниот проект, кој во моментов е во изградба на брегот на Саудиска Арабија, вклучува развој на пет острови, две локации во внатрешноста и 16 хотели со 3.000 соби.

Едниот хотел кој е наречен „Hotel 12“ е лоциран на еден од трите острови Ummahat AlShaykh. Овој хотел кој има форма на прстен е дизајниран, како што велат од архитектонското студио „light touch, non-damaging approach“. Сето ова е со цел да се запази политиката на проектот, тој да биде 100 проценти јаглерод неутрален.

Овие архитекти се одговорни и за хотелот „Southern Dunes“, хотел кој ќе има поглед на песочни дини во пустина и кој ќе биде конструиран од материјали кои сами ќе се ладат. Според архитектите тука нема да се користи бетон или камен, бидејќи тие со текот на времето се загрева и станува топлинска маса, зрачат и задржуваат топлина.

Освен дизајните други детали не се споменати. Но знаеме дека политиката на целиот проект, Red Sea project,  е користење на енергија од 100 проценти обновливи извори, а на ова сега се додава и политиката на нула отпад, 100 проценти јаглерод неутрални и забрана на пластика за еднократна употреба.