Новата еко-френдли ReBurberry Edit линија на британската модна куќа, Burberry, е оддавање на почит кон Планетата Земја. Оваа модна куќа покрај новтата линија го претстави и воведувањето на систем за етикетирање сокој ќе ги информира потрошувачите за влијанието на нејзините производи врз животната средина.

Новиот систем првенствено ќе ги информира потрошувачите за количината на органска природни влакна или рециклираните влакна што се користат во материјалите и емисиите на јаглерод во производните капацитети. Burberry исто така сака да вклучи информации за социјалните критериуми, како што се платите на работниците и програми за благосостојба.

Што се однесува до новата колекција ReBurberry Edit, составена е од 26 парчиња кои вклучуваат мантили, очила, торби, направени од Econyl влакна, биолошки ацетат, нов најлон направен од рицинусово масло и склопени со помош на полиестерска нишка создадена од рециклирани пластични шишиња.