Компанијата Realme го претстави најновиот паметен телефон кој ќе биде знаменосец во нивната понуда, а станува збор за 9 Pro Series.

Дизајниран околу идејата за следење на изгрејсонцето, новиот 9 Pro е направен со Light Shift Design технологијата на Realme. Станува збор за уникатна апликација на задниот дел каде што бојата се менува во присуство на UV светло.

Realme 9 Pro

Инспириран од фотохромизмот и органските фотохроматски материјали, Realme мораше да развие нови техники за да го изведе овој трик за менување на бои. Како резултат на ова, Light Shift Design е резултат на 200 прототипи каде што OCA органските фотохромични материјали ја менуваат бојата на телефонот од сина во црвена во три секунди под сончева светлина. Кога се користи во затворени простории, телефонот ќе се трансформира повторно во сина боја за две минути.

Во согласност со тенкиот профил, Light Shift Design прави стаклото да биде поврзано со двослоен фотохроматски процес за да се постигне зголемување на прикажувањето на боите за 40 проценти и дополнително гарантирана вискозност. Самиот телефон е тенок 7,99 милиметри и тежи 182 грама. Иако комплетната листа на спецификации не е откриена, се најавува дека 9 Pro ќе има Qualcomm Snapdragon 695 процесор со осум јадра и Adreno 619 GPU. Телефонот ќе има и AMOLED екран и задна камера со тројни леќи со главна камера од 64 мегапиксели. Покрај ова, 9 Pro + моделот ќе добие и скенер за отпечаток во самиот екран, MediaTek Dimensity 920 5G SoC, сензор за отчукување на срцето и ред други карактеристики.

Компанијата Realme објави дека официјалната премиера и лансирањето на новиот модел ќе се одржат на 16 февруари оваа година.