Шведската компанија Vélosophy и Nespresso соработуваат во проект кој прави велосипеди од рециклиран материјал. Овие велосипеди се направени од алуминиумот од искористените капсули за кафе. Мотото на овој проект е RE:CYCLE што е совршен баланс на одржливост и стил, дизајниран да го покаже потенцијалот на рециклираниот алуминиум и да ги охрабри корисниците на Nespresso да ги рециклираат своите капсули.

RE:CYCLE

Алуминиумот е еден од највредните метали во светот и може да се рециклира бесконечно, дозволувајќи им на занаетчиите да му дадат на отпадот втор живот. Vélosophy за ограничената серија од овој велосипед ја избра виолетовата боја која потсетува на капсулите од Nespresso Arpeggio кафето.

Покрај овој потег компанијата Vélosophy како општествено одговорна, со проектот one-for-one за секој продаден или изнајмен велосипед еден донира во Африка со цел на учениците да им се овозможи пристап до образование, додека за секој RE:CYCLE велосипед создаден во соработка со Nespresso еден ќе биде дониран преку World Bicycle Relief на деца ширум светот.