Глобалното откривање на OnePlus 6T McLaren Edition се одржа вчера за време на настанот одржан во седиштето на британскиот производител на автомобили во Британија.

Премиум варијантата на овој смартфон има спецификација со 10GB RAM, 256GB складирање, логото на McLaren марката, бојата на Papaya Orange од McLaren и новата Warp Charge технологија на компанијата за брзо полнење.

Во кутија, овој смартфон, доаѓа со комплет подароци и редизајниран USB кабли. Цената на OnePlus 6T McLaren варира во зависност од неговите карактеристики. Главните разлики во дизајнот на OnePlus 6T McLaren Edition вклучува суптилна шема на карбон влакна под задниот панел на стаклото.

OnePlus 6T McLaren Edition

На долниот дел акцентиран е работ со боја на McLaren’s Papaya Orange. OnePlus се поврзува со USB Type-Cкабел кој е специјално дезениран со дезен на плетенка во истата боја како деталот на долниот раб на смартфонот.

Новата технологија за полнење Warp Charge 30 нуди брзи капацитети за полнење до 30W, и се вели дека во рок од 20 минути батеријата се полни за 50%. Во кутијата на OnePlus 6T McLaren Edition доаѓа и амблем со McLaren лого направено од McLaren со F1 AA-класа на карбон влакна.

Спецификација:

ТЕХНОЛОГИЈАGSM / HSPA / LTE
ЛАНСИРАЊЕДЕКЕМВРИ 2018
ДИМЕНЗИИ157.5 x 74.8 x 8.2 mm (6.20 x 2.94 x 0.32 in)
ТЕЖИНА185 g (6.53 oz)
ТЕЛОПРЕДНО/ЗАДНО СТАКЛО, АЛУМИНИУМСКА РАМКА
СИМDual SIM, Nano-SIM
ТИП НА ДИСПЛЕЈOptic AMOLED, touchscreen, 16M БОИ
ДИМЕНЗИИ НА ДИСПЛЕЈ6.41 inches, 100.9 cm2
РЕЗОЛУЦИЈА1080 x 2340 pixels, 19.5:9 ratio (~402 ppi)
ЗАШТИТА НА ДИСПЛЕЈCorning Gorilla Glass 6,  DCI-P3,  Oxygen OS 9.0.5
ОПЕ. СИСТЕМAndroid 9.0 (Pie)
ЧИПСЕТQualcomm SDM845 Snapdragon 845 (10 nm)
МЕМОРИЈА256 GB, 10 GB RAM
КАМЕРАДВОЈНА- 16 MP, f/1.7, 25mm (wide), 1/2.6″, 1.22µm, OIS, PDAF
20 MP (16 MP effective), f/1.7, 25mm (wide), 1/2.8″, 1.0µm, PDAF
ВИДЕО2160p@30/60fps, 1080p@30/60/240fps, 720p@480fps, Auto HDR, gyro-EIS
СЕЛФИ КАМЕРАЕДИНЕЧНА-16 MP, f/2.0, 25mm (wide), 1/3.1″, 1.0µm
БАТЕРИЈАNon-removable Li-Po 3700 mAh battery