Дури и најмалите детали можат да придонесат да имате предност во однос на конкуренцијата, особено во светот на гејмингот, каде паметните часовници можат да ги одведат работите на едно сосема ново ниво, дури и за оние најпосветените гејмери. Razer x Fossil Gen 6 Smartwatch предизвика огромно внимание во водечкото место за претставување на сите новитети во технолошката индустрија – Consumer Electronics Show, или скратно познато како CES. Новиот часовник кој е плод на соработката на двете компании дефинтивно вреди да се поседува за време на долгите гејминг сесии.

Razer Fossil

Овој паметен часовник оди до таму каде што ниту еден паметен часовник не стигнал претходно, со карактеристики дизајнирани специјално за гејминг, почнувајќи со супер брзото полнење на батеријата, па се до „хендс-фри“ следењето на вашата состојба.

Без разлика на вашата желба за играње игри, овој технолошки напреден паметен часовник работи „со брзина на светлината“ преку платформата Snapdragon Wear 4100+ (првиот паметен часовник од ваков вид кој ја користи оваа платформа). Станува збор за платформа со ниска моќност која се уште успева да ги придружува процесите толку брзо колку што ви треба.

Што значи ова за искусните гејмери? Еден куп добри вести, почнувајќи со побрзо време на вчитување на апликациите и побрз севкупен пристап кон брзината и перформансите, а сето тоа го имате на вашиот зглоб. Razer и Fossil не штедеа на стилските точки, со што се овозможува избор меѓу три лица за вашиот часовник, како и промена на препознатливото живописно зелено ремче од Razer.

Ограничена серија

Но, тоа не е се. Часовникот нуди беспрекорна јасност, најмногу благодарение на 1,28-инчниот AMOLED екран, а не треба да се заборави ниту четирите приспособливи ефекти на Razer Chroma RGB. Станува збор за неверојатен часовник со спецификации кои го следат самиот дизајн, комплетиран со сите најважни карактеристики кои се очекуваат од секое парче технологија во вашиот живот.

Сепак, паметниот часовник не би бил тоа што е ако нема уште неколку корисни карактеристики, вклучително и исклучително важната способност да го следи вашето здравје преку вашиот зглоб. Часовникот води сметка за тоа да спиете квалитетно и колку чекори правите на ден, а Razer x Fossil Gen 6 Smartwatch исто така ќе нуди и континуирано следење на отчукувањата на срцето и сензор кој следи колку добро вашето тело циркулира кислород.

Цената на часовникот е 329 долари, а Razer и Fossil ќе понудат само 1.337 единици на глобално ниво.