Брзиот начин на живот многу влијае на целокупното здравје на мажите, но најголем ефект има на областа околу очите. Оваа област кај мажите се смета и за најголемиот предавник на возраста, емоциите и здравјето.

Можеби свативте дека жените обрнуваат големо внимание на својата кожа, па благодарение на развојот на машката козметика доколку до сега не сте почнале да се грижите за вашата кожа може е време да почнете.

Она што е потребно е да го одберете вистинскиот крем, серум за оваа област. Без разлика дали сакате да се ослободите од темните кругови под очите, да се ослободите од брчките или едноставно да ја измазните кожата, секогаш хидрирајте ја кожата.

Некои креми се наменети за решавање на еден проблем, други пак се наменети за повеќе или поопшти проблеми, но кога барате препарат за оваа област тогаш секогаш обрнете внимание на решавање на конкретен проблем и внимавајте на состојките, тие треба ефикасно да се спротивстават на состојбата.

Ако кожата под очите ви е сува и затегната, користете препарат со хијалуронска киселина. Некои растенија го потикнуваат создавањето на колаген и еластин, и помагаат при обновување на кожата, кремите богати со витамини можат да помогнат да се задржи младешкиот изглед на кожата, кофеинот е одличен за уморни и подуени очи, витамин Ц за да ги осветли темните кругови околу очите и Ретинол за да ги изедначи фините линии. И секако не ги заборавајте кремите со SPF кој пружа дополнителна заштита.

1. THE ORDINARY CAFFEINE SOLUTION 5% + EGCG

2. HEAL GEL EYE

3. LA MER THE EYE CONCENTRATE

4. SUPER FACIALIST DARK CIRCLES EYE CREAM

5. KIEHL’S CREAMY EYE TREATMENT

6. DR DENNIS GROSS HYALURONIC MARINE DEW IT ALL EYE GEL

7. L’OREAL MEN EXPERT HYDRA ENERGETIC COOLING EYE ROLL ON

8. TOM FORD BEAUTY ANTI-FATIGUE EYE TREATMENT

9. ELEMIS MEN ANTI-AGEING TIME DEFENCE EYE REVIVER

10. SHISEIDO MEN TOTAL REVITALIZER EYE