Кандидатот за шампионската титула во Formula 1, Шарл Леклер и тимскиот колега Карлос Сајнц дизајнираа луксузни Ferrari очила за сонце да ги прослават своите домашни трки. Scuderia Ferrari е конкурент за титулата за прв пат по подолго време, а долгогодишниот спонзор на култниот F1 тим, Ray-Ban, ги доведе тимските возачи Шарл Леклер и Карлос Сајнц да дизајнираат сопствени верзии на нивните омилени стилови, темпирајќи го лансирањето на тркачките очила за сонце да се совпаѓа со домашите гран-при трки на двајцата возачи.

Стилот на Carlos Sainz Custom Limited Edition се приклонува кон новиот модел на Scuderia Ferrari, со рационализирани сребрени челичнa обвивка околу леќите и црни елементи на крилата. Наочарите исто така имаат ознаки на Scuderia Ferrari Racer Shield и Ray-Ban, како и светло жолти влошки кај потпирачот за носот и држачи на врвот на слепоочниците, кои го отсликуваат жолтиот тон на тркачкиот штит на Сајнз и боите на знамето на неговата родна земја.

Стилот на Charles Leclerc Custom Limited Edition е опфатен со златни обвивки на леќите кои се симбол на големиот број победи на Леклер. Својот смел став кон оваа дизајнерска соработка тој го носи со инкорпорирање на неколку класични тркачки елементи, како што се длабоките обвивки околу леќите кои потсетуваат на тркачки спојлери, со современи елементи.

Двата пара ги имаат логоата на Ferrari и Ray-Ban на слепоочниците и доаѓаат со кутија, футрола, крпа за чистење и нумериран сертификат за автентичност.

Со цена од 230 долари, прилагодените Ray-Bans на Леклер и Сајнц се достапни за онлајн нарачка.