Здружувањето на Ray-Ban и Facebook доведе до создавање на нивниот прв заеднички производ, наречен Ray-Ban Stories. Користејќи го препознатливиот стил на компанијата Ray-Ban, двата ентитети успеаја да произведат пар очила што го поддржуваат стилот, а исто така беа во можност да ги доловат секојдневните моменти. Рамките доаѓаат во три модели како Wayfarer, Round и Meteor. Исто така, моделите доаѓаат во пет бои и дополнителни опции за стакла за вкупно 20 можни варијации. Во однос на неговите карактеристики, очилата поседуваат инстант можности за фотографирање и видео со двојни камери од 5MP и LED светла од предната страна.

За да ги искористите карактеристиките, се што треба да направите е да притиснете копче или да користите едноставна гласовна команда. Овие очила доаѓаат и со вграден Bluetooth и три микрофони, со цел остварување на повици и слушање музика. „Ray-Ban Stories се дизајнирани да им помогнат на луѓето да живеат во моментот и да останат поврзани со луѓето со кои се и со луѓето со кои сакаат да бидат“, изјави Ендру Босворт, потпретседател на Facebook Reality Labs. Почетната цена на еден пар вакви очила чини 299 американски долари и се достапни само во одредени продавници на Ray-Ban, како и преку веб продавницата на брендот.