Истражување направено од страна на Американскиот колеџ за кардиологија, вели дека сè поголем е бројот на лица кои не стигнале до големата четириесетка, а сепак имаат голем ризик од срцев удар. Бројот на жртви на срцев удар кои се во 20-те или 30-те години од животот, забрзано расте изминативе две децении, а научниците велат дека имало и случаи на артериосклероза – запушување или оштетување на артериите кај адолесценти и момци во 20-те. Експертите имаат неколку теории за ваквата загрижувачка статистика:

Се дебелееме порано и остануваме такви

Процентот на деца и возрасни со прекумерна тежина е зголемен за три пати, за разлика од 1970-те години од минатиот век. Тоа се должи на многу причини, вклучувајќи ги и навиките на исхрана кои ги стекнуваме како тинејџери. Едно истражување покажува дека мажите од 20 до 39 години консумираат 82% повеќе брза храна, за разлика од мажите над 60 годишна возраст. Логично, зар не?!

На ова додадете го времето минато зад волан и позади екраните, намалете ја физичката активност и сфаќате дека тие неколку килограми плус, му отежнуваат не само на срцето, туку и на целиот организам. 

срцев удар

Пушењето е навика и за помладите

Вистина е дека процентот на пушачи генерално и на глобално ниво се намалува, особено кај консументите над 65 години. Но, помеѓу 25 и 40 годишните, сè уште има доста пушачи, двојно повеќе отколку кај постарата демографија. 

Потребна е само една цигара дневно, ризикот од срцево заболување да се зголеми за речиси 50%. А истото важи и за електронските цигари. 

Не заборавајте го стресот

Иако секоја генерација тврди дека нејзиното време било најстресното досега, Американската асоцијација на психолози спроведе истражување според кое лицата од 22 до 39 години спаѓаат во групата со најголемо ниво на стрес.

Стресот може да предизвика воспаленија на срцевите артерии, што доведува до затнување и згуснување на крвта. Стресот го зголемува крвниот притисок, а често е и причинител за создавање многу нездрави навики како прекумерно јадење, пиење и недоволно сон.

Глобално истражување од 52 земји покажува дека лицата кои имаат константен стрес на работа или дома, имаат двојно поголем ризик од срцев удар. 

Што ви останува ако не сакате да се најдете во групата на мажи под 40 кои имаат зголемен ризик или срцев удар? Физичка активност, здрава исхрана, начини кои ви помагаат да го редуцирате стресот.