Во 1982 година, Силвестер Сталоне за прв пат го овековечи ликот на Џон Рамбо во филмското остварување наречено First Blood. На 20 септември оваа година, по петти пат ќе се појави во улогата на Рамбо во филмот кој се верува дека е последен дел од сагата за семоќниот воен ветеран.

Филмот го носи името Rambo: Last Blood. Режијата ја потпишува Адриан Грунберг, а покрај Сталоне во филмот ќе се појават и Паз Вега, Серхио Периз Манчета, Адријана Бараза, Ивет Монреал, Џини Ким, Хоакин Косио и Оскар Хаенада.

Дејството на приказната свртено околу главниот лик, кој заминува од САД во Мексико со цел да ја спаси киднапираната ќерка на својот пријател, а таму се соочува со еден мексички картел.