Станува збор за грозна болест – агресивна и скоро секогаш болест кој метастазира. Ракот на белите дробови се шири уште во раните фази, вообичаено пред да се зголеми до таа мера додека да покаже симптоми или додека да се покаже самиот на рендген. Вообичаено, додека да се открие, ракот на белите дробови е веќе во поодмината фаза и е скоро невозможен за лечење. Скоро помалку од половина мажи остануваа живи наредната година по дијагнозата.
Сè уште пушите цигари? Тутунот е број еден причинител за сите типови на рак на белите дробови. Благодарение на намалената стапка на пушачи, се намалува и бројот на лица кои изумираат од рак на белите дробови, но сепак истиот високо котира на листата здравствени убијци на мажите.
Како што веќе напоменавме, симптомите се јавуваат веќе во подоцнежните фази на развој на ракот на белите дробови, а се отсликуваат со интензивна кашлица која не поминува, болки во градите.
Покрај цигарите, кои претставуваат индивидуален начин на труење, тука е аерозагадувањето кое е глобален начин на труење и причинител за појава на рак на белите дробови. Според извештај од 2013 година на Агенцијата за истражување на канцерогени заболувања во САД, надворешното загадување на воздухот е причинител за појава на канцерогени заболувања. Конкретно, PM10 и PM2.5 честичките се директно поврзани со ракот на белите дробови.