Нешто повеќе од еден век швајцарскиот производител на часовници, Rado, ја носи титулата „Господар на материјали“, кое се должи на кој тој прави револуција во традиционалните часовници. Воведувањето на различни видови, високо-технолошка, ултра лесна керамика дава препознатлив изглед, дизајн и чувство.

Rado Captain Cook, дизјан кој постои од 1962 година, ја докажува својата безвременост и во 21-виот век, со модерни карактеристики кои му даваат предност во денешното општество. Па керамиката и бронзата додава на естетиката и привлечноста, со куќиште од 42мм, дебелина од 12,5мм и тежина од само 79 грама.

Темно зелената боја и сивите детали само ја акцентираат златната основа, а традиционалниот приказ на датумот на позиција 3 и логото на брендот на позиција 12 останува. Срцето на овој Swiss-made претставува ETA C07. Часовникот е отпорен и на вода до 300 метри, ова го прави попривлечен за луѓето кои сакаат да изгледаат беспрекорно на нивниот следен одмор на плажа.