Добитникот на наградата K-Design Award, Yeo Jaewon, постави решение за најитниот предизвик на денешницата, добра Wi-Fi конекција. Неговиот концептен модел на рутер наречен RADAR Router, треба да го ублажи слабиот сигнал предизвикан од ѕидовите и другите елементи во просторот.
Воден од веќе воспоставен дизајн на уреди за засилување на светлина, видео и аудио сигнал, овој концептен модел на рутер е обликуван да го максимизира и концентрира Wi-Fi сигналот. Иако RADAR Router е само награден концепт, мрежните производители како Google, Amplifi, и Asus се повеќе се осврнуваат кон дизајни на рутери кои естетски го надополнуваат просторот во кој живееме, наместо да биде уред кој се крие.