Швајцарскиот изработувач на луксузни рачни часовници RJ Watches ја зграби мрачната страна на криминалниот кловн. Joker доби свој рачен часовник, а вреди 15 илјади долари.

часовник 1

RJ Watches се познати по своите соработи со поп културата. Одлично поминаа промовирајќи го Spiderman, а сега му дојде редот и на Joker. Луксузниот швајцарски изработувач, во соработка со Warner Bros и DC Entertainment креираа часовник со шармот на Joker. Часовникот не е дефиниран само со ликот кој Јоаким Феникс го толкува во филмот, туку општо со ликот на негативецот во било кое издание на познатата франшиза. 

часовник

Часовникот е лимитирано издание и доаѓа спакуван во титаниумска верзија на RJ ARRAW кутија со изгравирани мотиви од Joker. Има антирефлектирачко сафирно стакло, а цената на часовникот изнесува 15.700 долари.