Прототипот RaceBird дизајниран од Софи Хорн а развиен од SeaBird Technologies во Велика Британија е електричен брод кој изгледа како да е изваден од научно-фантастичен филм. Самиот брод има дизајн на хидроглисер со еден пилот, кој изгледа како од филмот „Flight of the Navigator“. Според изјавите овој хидроглисер ќе се движи со брзина од 111 километри на час.

Во моментот времетраењето на батеријата на RaceBird е 15 до 20 минути, но поради фактот дека овој брод ќе учествува во E1 World Electric Powerboat Series шампионатот, ќе мора да го подобри ова време. Union Internationale Motonautique, или UIM, неодамна објави дека подготвуваат нов шампионат E1 World Electric Powerboat Series кој во моментов поради ситуацијата е одложен.